Жири

Саша Станишиќ

Завршил Општа и Компаративна Книжевност и Филмска и ТВ Режија на ФДУ – Скопје, каде што има и магистрирано. Како режисер се потпишува на повеќе кратки филмови: “Мангава диско панк” (дел од омнибусот “Скопје ремикс”), “Митот за Сара”, “Долу од рајот”, “PC Busan”(снимен во Јужна Кореја), “Кавал”.
Работи како професор по Филмска и Тв Режија на Интернационалната Академија Еуропа Прима. Тој е менаџер на Катавеј – компанија која се занимава со продукција и дистрибуција на филмови, со која ја започнува cinesquare, најголемата ВоД платформа во Југоисточна Европа која ги покрива сите земји од регионот. Редовно присуствува на најголемите европски фестивали и е редовен гостин на форуми и настани поврзани со филмска режија како и онлајн дистрибуција.

Ева Камчевска

Ева Камчевска е родена 1983, во Скопје, Македонија. По средното образование се запишува на Факултетот за Драмски Уметности, Скопје, отсек: драматургија и сценарио. По завршувањето на студиите работи во првата приватна телевизија А1 во промо тимот како промотор на програма. По завршувањето на мастер студиите за сценарио на Драмскиот факултет, продолжува со работа во неколку телевизии како сценарист на играна програма. Автор е на три сценарија за краткометражни филмови и едно за долгометражен филм. Сите се продуцирани.
Во 2015, заминува на студии во Канада (Ванкувер) каде се усовршува за пишување сценарија за филм и ТВ. По вракањето во Македонија работи како слободен уметник, на проекти поврзани со филмот и театарот. Има напишано пилот сценарио за анимирана серија и пилот базиран на една од најпознатите македонски книги, двете во фаза на подготовка.

Илиана Петрушевска

Илиана Петрушевска е родена 1973, во Скопје, Македонија. Има завршено на Факултетот за ликовни уметности отсек – сликарство со рачна изработка на хартија.
Во текот на својата кариера работела на изработка на костими и сценографија на повеќе филмови, серии и театарски претстави („Историја К“, „Рабробус“, „Рабробил“, „Херојот Коки“), има учествувано во многу групни изложби низ Македонија, но и во други земји (Фемина 8 во Австрија, Ирга и “Rose`s Choice” во Италија) а автор е и на повеќе самостојни изложби („All is Dream – forward on“, “Vivre sa vie”, „Круг: Ре-Продукција“, „Сон е сé“).
Добитник е на наградите Драгутин аврамоски – Гуте за графика од ДЛУМ за илустрации и „Блаже Конески – поезија и кратака проза“ од ФЛУ.
Од 2008 година работи како графички дизајнер во НУ Музеј на современата уметност, Скопје, каде што дизајнира МСУ изданија, каталози, и визуелни решенија за тековни изложби, проекти и од колекцијата на музејот, како визуелното решение за „Сè што ни е заедничко“, 2023.