Не пеам за очај
нит за порази без крај
Не е мојот збор
од малодушна рода
за бедата сага
Оставени се бистри копнежи
во лулката на сонот
во исоповото семе
во светоотечката ода
за радосната тага
Ѓорѓи Тодороски е роден во Скопје 1971. По професија е стоматолог и трагач по секаков вид на убавина. Поезијата ја доживува како најдинамичен начин на изразување преку кој моќта на искажаниот збор се умножува со метафизичка прогресија.
„Небесна Котва“ е негова прва објавена стихозбирка.
Промоцијата ќе се одржи на 21.12.2019 во 18:00 часот во Кинотека на Македонија.
Промотори: Ирена Павлова Де Одорико, Иван Додовски и Кузман Кузмановски
Актер: Марина Поп Панкова