Ментор: Дарија Копиец, аниматорка од Полска
Деца пантомимичари (мистеријата во делата на Тадеуш Маковски).
Време и место: 01 – 03/ 12 /2016 (од четврток до сабота)/14:00- 16:00 часот / Кинотека на Македонија Делото на полскиот сликар Тадеуш Маковски ќе биде инспирација во градење на приказната на анимираната етида создадена од пластелин. Во тек на три работни дена, учесниците (деца на возраст од 8 до 17 години) ќе создадат краток анимиран филм кој ќе биде прикажан на големото платно на крајот од фестивалот. Првиот работен ден ќе биде посветен на делото на Тадеуш Маковски. Потоа учесниците ќе создадат кратко сценарио испирирано од делата на уметникот. Пред почетокот на снимањето тие ќе направат сториборд. По кратка дискусија за содржината на планираните сцени, ќе почне да се подготвува сценографија. Во текот на вториот работен ден ќе се работи на сценографијата и на куклите и потоа ќе се почне со снимање.Третиот работен ден ќе биде целосно посветен на снимање на анимираниот филм. Учесниците на работилницата ќе имаат шанса да го набљудуваат и да учествуваат во процесот на изработка на еден филм почнувајќи од создавање на идејата до готов производ. На крајот од фестивалот учесниците ќе имаат можност да ја видат етидата на филмско платно. Работилницата е наменета за деца од 8-17 години. Работилницата ќе трае шест часа, три работни дена по 2 часа.
За Тадеуш Маковски
Тадеуш Маковски е сликар, илустратор и графички уметник, автор на текстови од полето на историјата на уметноста. Роден е во Освјенќим во 1882, а починал во Париз во 1932 година. Во 1918 Маковски претставил мотив кој ќе биде во центарот на неговата работа потоа – фигура на дете. Уметникот користел радикално едноставни фируги, ограничувајќи се себе си со тријаголници, цилиндри и конуси – правејќи ги своите линии појасни и потешки. Авторот ги ограничил и боите кои ги користел, задржувајќи се на земјени бои, главно кафени, црвени и сиви нијанси. Создал гротексна визија на човековото постоење, свет доминиран од маски и реквизити, реалност како маскембал населен со меланхолија, како и неговите деца – пантомимичари, замрзнати во театарски пози. Овие „кловнови“ често се придружувани од миленици и птици, и постојат во неодредено, апстрактно место, во театарско опкружување, во студиски ентериер, колиби или дворови. Карневалските сцени се уште еден повторувачки мотив. Мотив кој изнудува чудење и понекогаш мистерија. For more information on financing check out installments